Ултразвучна терапија

Ултразвучната терапија претставува ефикасен тип на физикална терапија во лекувањето на бројни патолошки состојби на нервниот и мускулно – скелетниот систем. 

Поради двојното дејство, механичко (микромасажа на ткивата) и термичко (ултразвучната енергија се претвора во топлотна) има ефект на длабоко загревање на меките ткива во телото, ја зголемува циркулацијата на крвта, го помага заздравувањето и ја намалува болката. 

Ултразвукот го зголемува протокот на крв околу третираната област, ги релаксира ткивата, го редуцира мускулниот спазам, го разградува ткивото на лузната, го намалува отокот, ја забрзува регенерацијата на ткивото, помага во зараснување на повредените тетиви, лигаменти и мускули, го стимулира формирањето на нова коска по фрактура (калус). Длабокото загревање на меките ткива ја зголемува нивната флексибилност, што го подобрува опсегот на движење во зглобовите.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins