Парафинотерапија

Лековитите својства на парафинскиот восок биле познати уште во Римското царство. Претставува еден вид на површинска термотераписка физикална процедура која го забрзува лечењето, ја ублажува болката во мускулите и зглобовите, ја смирува и ја навлажнува кожата, ги отвара порите, ја зголемува циркулацијата. 

Парафинот делува аналгетски, ја намалува напнатоста на мускулите, ја зголемува еластичноста на сврзното ткиво, прави вазодилатација на крвните садови, го подобрува снабдувањето на ткивата со кислород, а со тоа ја забрзува регенерацијата. 

Во физикалната се користи при остеоартритис, во фазите на ремисија кај ревматоидниот артритис, бурзитис, тендинитис, фибромијалгија, спазам на мускулите, контрактури на зглобови после имобилизација, псоријаза, келоидни лузни. Не се препорачува при дијабетес и проширени вени.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins