Ласеротерапија
Зборот ласер е кратенка од „Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation“, што во превод значи засилување на светлината со помош на стимулирана емисија на зрачење.
Ласерот е предавател на светлосно електромагнетно зрачење со кој вршиме биостимулација на ткивото. Ласерската терапија функционира така што го стимулира природниот процес на заздравување на телото. Ласерската светлина продира длабоко во ткивото, каде што се апсорбира од клетките и се претвора во АТП (аденозин трифосфат). АТП е енергијата што им е потребна на клетките за да функционираат и заздрават.
Ласерската терапија ја зголемува циркулацијата, која носи хранливи материи и кислород во областа, помагајќи му на телото само да се излекува. Аналгетскиот ефект на ласерот за намалување на болката е последица на промената на брзината на нервната спроводливост.
Докажано е антиинфламаторното дејство на ласерот за намалување на воспалението, како и благотворното дејство на ласерот за зараснување на раните и омекнување на лузните. Антиедематозно дејство – го намалува отокот, спазмолитичко дејство – го намалува спазамот на мускулите.
Голема предност на терапијата со ласер е што може да се примени и во акутната фаза, бидејќи не ги загрева ткивата.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
