Електротерапија

Електротерапијата  е област од физикалната терапија која се бави со примена на разни типови на струи во процесот на лечење: галванска струја, дијадинамиски струи, TENS (транскутана електрична нервна стимулација), интерферентни струи. Го стимулира крвоток во регијата низ која поминува, што доведува до подобро снабдување со кислород и брзо одстранување на токсините, ја подобрува трофиката и метаболизамот на ткивата, делува ресорптивно на отокот, ја намалува болката,  делува антивоспалително, го намалува мускулниот спазам, делува стимулативно на оштетените нерви.  

Електрофорезата е тераписка постапка на внесување на лекови во телото со помош на галванска струја, при што лекот и главанската струја делуваат истовремено. Електрофорезата му овозможува на лекот да навлезе на местото на повреда или воспаление во најкус можен рок, на овој начин се постигнува локално висока концентрација на лекот, продолжено дејство на лекот и создавање на депо.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins