Лимфна дренажа
Лимфната дренажа е незаменлива терапевтска процедура за стимулирање на циркулацијата на лимфата, подобрување на венската циркулација и детоксикација на организмот, допринесува за подобра исхрана и регенерација на ткивата, одстранување на вишокот на течности и јакнење на имунолошкиот систем.
Улогата на лимфниот систем е да ја собере вишокот на течност од ткивата, да ја прочисти и да ја врати назад во крвотокот. Многу супстанции континуирано истекуваат од крвта преку капиларите во околните ткива, кога лимфниот систем нема да успее да ги отстрани вишокот на течности, тие се акумулираат, предизвикаат едем и потенцијално го зголемуваат ризикот од инфекција. Лимфата е безбојна течност составена од бели крвни клетки (леукоцити) и плазма, настанува како производ на клеточниот метаболизам, таа преку лимфните садови и лимфните жлезди се пренесува во крвотокот, од каде со филтрација во бубергот се излачуваат штетните продукти со урината.
Лимфната дренажа го забрзува текот на лимфата низ лимфниот систем, ги отстранува токсините и отпадните материи, го намалува едемот. Лимфните садови како сила на притисок за движење на лимфата кон срцето ја користат енергијата од контракцијата на мускулите. Секојдневно при подолго седење и стоење доаѓа до мали застои на лимфа, поголеми застои на лимфа се јавуваат при одредени болести кога настанува лимфедемот.
Лимфната дренажа е базирана на анатомијата на лимфниот систем, улогата и е да го намали лимфедемот преку пренасочување на течноста од областите каде што е присутен eдемот, кон функционалните лимфни јазли. Апаратот за лимфна дренажа работи преку пумпање на воздух со променлив интензитет на притисок во манжетните (во облик на панталони или ракав) кои се составени од бројни комори. Интермитентниот притисок во коморите за време на дренажата го стимулира протокот на крв и лимфа што резултира со прилив на хранливи материи и елиминација на течности и метаболните отпади.
Компресивната лимфна дренажа во медицината се применува за третман на лимфедемот кој се јавува после онколошки заболувања (по мастектомија или радиотерапија), хронична венска инсуфициенција и проширени вени, карпал тунел синдром, Рејнов синдром, невропатии, невралгии, дијабетична ангиопатија, алгодистрофичен синдром, артроза, постоперативен едем, посттрауматски едем, хематоми, дисторзии, дислокации, руптура на мускул, хроничен едем, третман на лузни кои ја компромитираат лимфната циркулација (после изгореници), обезитас. Во козметиката се применува како антицелулитна терапија. Исто така, има примена за превенција на тешки и уморни нозе, отечени стапала и проширени вени, превенција на венска тромбоза, дренажа на екстремитетите по екстремен физички тренинг, релаксирачка масажа.
Третманот за пациентите е удобен и пријатен, после терапијата се чувствува олеснување на третираната регија.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
