Кинезитејпинг
Кинезитејпинг е техника која претставува примена на тенки, растегливи траки за третман на повреди и воспалителни состојби. Кинези траките се скоро идентични со кожата на човекот како по дебелина, така и по еластичност, што овозможува тие да се носат без ограничување на движењето.
Делуваат аналгетски (преку подигање на кожата го смалуваат притисокот на рецепторите за болка кои се наоѓаат испод кожата, прават сензорна стимулација). Делуваат на намалување на едемот и хематомот (преку подигање на кожата обезбедуваат негативен притисок испод траката и на тој начин ја стимулираат лимфната дренажа). Го намалуваат мускулниот замор, грчевите и воспалението (помагаат во одстранување на млечната киселина). Обезбедуваат поддршка на ослабените или повредени мускули (прават физичка и невролошка потпора на динамичките структури).
Кинези траките имаат голема улога кај спортисти за зголемување на спортските перформанси, превенција на повреди и овозможување на побрз опоравок после повреда.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
