Инфрацрвена ламба

Инфрацрвената ламба спаѓа во термотераписки процедури. Инфацрвените зраци кои се чувствуваат како блага топлина на површината на кожата, продираат длабоко во ткивото и ја подобруваат циркулацијата на крвта, хидратацијата и оксигенацијата на ткивата. Леукоцитите и лимфоцитите се мобилизираат на болното место, го сузбиваат воспалението и го намалуваат чувството на болка. Вазодилатацијата, ја подобрува циркулацијата на крвта, делува релаксирачки на третираното подрачје, има аналгетски ефект и ги намалува мускулните контрактури. Се подобрува оксигенацијата на третираното ткиво, како и абсорпцијата на хранливите материи, се создаваат антитела за подобрување на општата отпорност на организмот. 

Овој вид на терапија има позитивно дејство при болки во мускулите и грчеви, контрактури во зглобовите, артритис, артроза, настинки, синузитис, невралгии, парализа на фацијалниот нерв, кожни проблеми, декубитусни рани.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins