Shockwave терапија
Shockwave терапијата е терапија со радијални ударни бранови, модерна и високоефективна неинвазивна метода која го стимулира природниот процес на заздравување на телото, се користи интензивно последните десетина години и дава одлични резултати, дури и кај болни состојби кај кои останатите видови на терапија не се ефективни.
Shockwave брановите делуваат така што ја зголемуваат микроциркулацијата, ги опуштаат мускулите и ги регенерираат ткивата, што доведува до смалување, а потоа и престанок на болката. Терапијата со shockwave ја смирува болката и промовира заздравување на повредените тетиви, лигаменти и други меки ткива, тоа го постигнува со ослободување на факторите на раст во повреденото ткиво.
Shockwave терапијата е неизоставен дел од терапијата при различни состојби како што се: болка во рамото (со или без калцификат), повреда на рамото, повреда на лактот (тениски лакт), болка во пределот на карлицата и колкот, скокачко колено (пателарна тендинопатија), шилец на петата (калкар калканеи), мускулни повреди, мускулна болка, воспаление на Ахиловата тетива (ахилодонија), повреди и болки во вратот и грбот, калцификати во лигаментите, тетивите и мускулите, болки во хамстринзите. Исто така, има примена и во коземтиката за отстранување на целулитот и обликување на телото.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
