Tecar терапија

Tecar терапијата е иновација во областа на термотерапијата, претставува локализирана примена на високофрекфентни радиобранови кои создаваат ендогена топлина која директно ја зголемува температурата на длабоките ткива. Tерапијата со Tecar не се заснова на индукција на топлина „однадвор“, туку на стимулација на јонски полнежи природно присутни во нашите мускулни ткива. Ова вклучува процес на интензивна стимулација на ткивата на клеточно ниво, што ја активира циркулацијата на крвта предизвикувајќи зголемување на температурата што ја забрзува природната физиолошка реакција. Терапиското дејство продира длабоко во зафатените ткива, делува на забрзување на молекуларното движење, забрзувајќи го метаболизмот и елиминирајќи ги наталожените штетни продукти. 

Терапијата со Tecar делува биостимулативно, антиинфламаторно и моментално го смалува чувството на болка, ја зголемува функцијата на факторот на раст стимулирајќи ги локалните регенеративни процеси. Спаѓа во многу пријатни, релаксирачки третмани, единственото субјективно чувство кое го има пациентот е топлината. 

Општо земено, Tecar-от се користи за лекување на нарушувања како што се дисторзии, остеоартикуларни нарушувања, хронични артралгии, контрактури, истегнувања и мускулни руптури, тендинитис, бурзитис, миозитис, фибромијалгија, патологии на зглобни капсули, артритични процеси, спондилоза, лумбаго и ишијас. Терапијата е широко корисна за лекување на сите видови спортски повреди.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins