Магнетотерапија

Магнетотерапијата претставува високоефикасна, неинвазивна процедура со која се стимулира регенерација на ткивата, се подобрува циркулацијата, клетките се снабдуваат со хранливи материи, доаѓа до смалување на болката и едемот, со ште се скратува времето за опоравок на пациентот. 

Под влијание на пулсирачко електромагнетно поле со одреден интензитет и фреквенција, содржината на кислород во ткивата се зголемува до 200% во споредба со почетните вредности, зголемувајќи го нивото на АТП како најважен извор на енергија за клеточната активност. Истовремено со овие ефекти, спазамот на крвните садови се намалува и васкуларната перфузија се подобрува, што резултира со мускулна релаксација. 

Магнетотерапијата има предност во третманот на фрактурите, стимулира побрзо формирање на нова коска (калус), како и третман на осетопрозата. Оваа терапија нема топлотно дејство, и може да се применува во акутната фаза од повредите и при присуство на метал во ткивата.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins