Кинезитерапија

Кинезитерапијата е составен дел од физикалната терапија и медицинската рехабилитација којa се бави со примена на движењето во процесот на лечење. Се заснова на вежби кои се индивидуално прилагодени да ја зголемат силата, издржливоста и мобилноста, создавајќи правилна шема на движење кај пациентите со функционално ограничување. 

Вежбите можат да бидат активни – кога пациентот самостојно и волно ги контрахира мускулите, и пасивни – кога пациентот не може самостојно да го изведе движењето. Важен сегмент од кинезитерапијата се вежбите за истегање кои ги релаксираат мускулите додека истовремено ја зголемуваат васкуларизацијата. Друг важен сегмент на овој тип на терапја се вежбите за сила кои можат да бидат изодинамични – движење во зглобовите со контракција на мускулите, изометрични – контракција на мускулите без движење во зглобовите и изокинетички – контракција на мускулите против голем отпор. 

Кинезитерапијата делува на јакнење и зголемување на еластичноста на мускулите, очувување и враќање на нормалната подвижност во зглобовите, подобрување на циркулацијата, очувување и враќање на координацијата, подобрување на функцијата на дишните органи и кардиоваскуларниот систем, како и подобрување на општата физичка кондиција.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins