Електростимулација
Електростимулацијата претставува стимулација на мускулните влакна со помош на електрични импулси, кои овозможуваат висококвалитетна мускулна контракција, која е посилна од своеволната контракција на мускулот. Електродите на уредот се поставуваат на регијата што треба да се третира. За време на третманот, клиентот е во релаксирана положба, субјективното чувство на електростимулација е чувство на мускулна контракција, слично на она за време на вежбањето. Кај здрави мускули се користи за враќање на мускулната сила после повреда или операција. При оштетување на нерв (пареза или парализа на n.facialis, n.radialis, n.peroneus), мускулот кој е инервиран не е во состојба да ја извршува својата функција, тогаш се применуваат електростимулации со цел зачувување на трофиката на неактивните мускули.
Compex-от претставува мускулен електростимулатор кој ја оптимизира силата и издржливоста на мускулите, ја зголемува мускулната маса и физичката кондиција, ја третира болката и помага да се избегнат повреди, го скратува времето на опоравок по повреди трeтирани конзервативно или оперативно, како и при разни состојби каде што е потребна долга имобилизација. Го зголемува протокот на крв, а со тоа и VO2 max, ја редуцира млечната киселина која се лачи по напорна физичка активност. Содржи Mi-scan, персонализирана функција која има за цел да ја измери подготвеноста на мускулот на регијата која се третира.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
