BTL-6000 Високо интензивен ласер

Терапевтскиот ефект на ласерската светлина се базира на биостимулација и забрзување на клеточните процеси кои придонесуваат за намалување на болката и побрзо закрепнување по повреда. Фотомеханичкиот бран ги стимулира нервните завршетоци, што доведува до олеснување на болката. Биостимулацијата на болното ткиво го зголемува внесувањето на кислород во клетките и ја подобрува циркулацијата на крвта. Ласерската светлина е насочена кон длабоките ткива, таа го максимизира аналгетскиот ефект и обезбедува силни термички ефекти за кратко време.

Излезната моќност е околу 30-50 пати посилна, во споредба со конвенционалните ласери. Високо интензивните ласери се карактеризираат со речиси неограничена длабочина на пенетрација. Ова им дава висока моќност на BTL ласерите и способност да ја лекуваат која било болна точка во телото. 

Индикациите се многубројни, започнувајќи од акутни трауми, па се до хронични дегенеративни промени како што се: болки во рамото, синдром на замрзнато рамо, воспаление на тетивите, повреди на ротаторната манжетна, болки во вратот, цервикобрахијален синдром, тениски лакт/ голферски лакт, артритис на колено, пателарна тендинопатија, остеоартритис, ревматоиден артритис, бурзитис, болки во грбот и половината, дискус хернија, артроза на колкот, мускулни спазми, затегнати мускули, мускулни јазли, грчеви во мускулите, дистрозија на глужд, Ахилов тендинитис, синдром на карпал тунел, плантарен фасциитис.

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins