Мануелна масажа

Со денешниот современ начин на живот, се помалку време посветуваме на себе и своето здравје. Секојдневното седење во канцеларија, стресот и брзото темпо на живот се одразуваат на нашето тело, се навикнуваме да живееме со хронична болка, чувство на напнатост и укоченост во вратот, грбот и половината.

Медицинската масажа се користи како терапија со цел да се постигне психичка релаксација, намалување на физичките последици од стресот, подобрување на циркулацијата и забрзано исфрлање на штетните материи и млечната киселина, смалување на крвниот притисок, јакнење на имунолошкиот систем.

Масажата делува на намалување на мигренозната главоболка, ублажување на спондилозата, лумбалгијата, ишијалгијата, артритисот, фибромијалгијата, разбивање на чворчињата во мускулите формирани од насобраната млечна киселина, опуштање на мускулите со што се смалува притисокот на нервите, зголемување на флексибилноста во зглобовите, го скратува времето за рехабилитација при повреди на мускулоскелетниот систем, при спортски повреди и во постооперативниот период.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins