Инфрацрвена ламба
Инфрацрвената ламба спаѓа во термотераписки процедури. Инфацрвените зраци кои се чувствуваат како блага топлина на површината на кожата, продираат длабоко во ткивото и ја подобруваат циркулацијата на крвта, хидратацијата и оксигенацијата на ткивата. Леукоцитите и лимфоцитите се мобилизираат на болното место, го сузбиваат воспалението и го намалуваат чувството на болка. Вазодилатацијата, ја подобрува циркулацијата на крвта, делува релаксирачки на третираното подрачје, има аналгетски ефект и ги намалува мускулните контрактури. Се подобрува оксигенацијата на третираното ткиво, како и абсорпцијата на хранливите материи, се создаваат антитела за подобрување на општата отпорност на организмот.
Овој вид на терапија има позитивно дејство при болки во мускулите и грчеви, контрактури во зглобовите, артритис, артроза, настинки, синузитис, невралгии, парализа на фацијалниот нерв, кожни проблеми, декубитусни рани.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
