Парафинотерапија
Лековитите својства на парафинскиот восок биле познати уште во Римското царство. Претставува еден вид на површинска термотераписка физикална процедура која го забрзува лечењето, ја ублажува болката во мускулите и зглобовите, ја смирува и ја навлажнува кожата, ги отвара порите, ја зголемува циркулацијата.
Парафинот делува аналгетски, ја намалува напнатоста на мускулите, ја зголемува еластичноста на сврзното ткиво, прави вазодилатација на крвните садови, го подобрува снабдувањето на ткивата со кислород, а со тоа ја забрзува регенерацијата.
Во физикалната се користи при остеоартритис, во фазите на ремисија кај ревматоидниот артритис, бурзитис, тендинитис, фибромијалгија, спазам на мускулите, контрактури на зглобови после имобилизација, псоријаза, келоидни лузни. Не се препорачува при дијабетес и проширени вени.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
