Термотерапија

Термотерапијата претставува физикална процедура при која се применува топлина за загревање на поедини делови од телото. Се користи за зголемување на циркулацијата, намалување на болката, зголемување на локалниот метаболизам и намалување на напнатоста во мускулите. Се користи и како вовед во кинезитерапијата, ја зголемува растегливоста на колагените влакна и на тој начин го олеснува движењето и ги намалува контрактурите во зглобовите. 

Длабината на загревање на ткивата зависи од начинот на примена, кога се користат топли пакувања, парафин, инфрацрвена ламба и биоптрон ламба, зголемувањето на локалната температура се постигнува само во површинските ткива. Загревање на подлабоките ткива се постигнува со помош на ултразвук и текар терапија.

Работно време

Закажете преглед

Закажете преглед

ПЗУ Др. Лидија Арсовска

Здраво, како може да ви помогнеме?

Powered by WpChatPlugins