Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
Екстензијата е безболен, модерен, неинвазивен третман на заболувања на дискусите на цервикалниот и лумбалниот рбет. Претставува истегнување на рбетниот столб преку примена на механичка сила за ублажување на болки во половината и нозете, како и болки во вратот и рацете.
За време на оваа процедура, преку поминување низ фазите на декомпресија и релаксација и со правилно позиционирање на пациентот, ‘рбетниот диск може да се изолира и да се стави под негативен притисок, предизвикувајќи вакуум ефект во него. Преку ефектот на вакуум се постигнуваат две работи. Од механичка гледна точка, материјалот од дискот што е испакнат или херниран надвор од нормалните граници може да се повлече назад во дискот. Исто така, вакуумот во дискот го стимулира растот на капиларите за снабдувањето со крв, секундарно стимулирајќи одговор на заздравување. Ова резултира со намалување на болката и заздравување на повреденото место.
Со екстензијата се постигнува намалување на болката, намалување на напнатоста на мускулите, се растеретуваат малите зглобчиња помеѓу пршлените, се намалува притисокот врз дискусите, се зголемува еластичноста и подвижноста на рбетниот столб.
Спиналната декомпресија се спроведува на специјален кревет за тракција, пациентот е фиксиран со појаси, компјутеризираниот апарат го влече рбетниот столб со сила со прецизно одредена јачина. Третманот започнува со мала влечна сила, која постепено се зголемува. Како вовед во тракцијата може да се користат физикални агенси за опуштање и аналгетско дејство.
Во голем дел од случаевите со употреба на спинална декомпресија може да се избегне оперативен третман на рбетниот столб.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
