Електротерапија
Електротерапијата е област од физикалната терапија која се бави со примена на разни типови на струи во процесот на лечење: галванска струја, дијадинамиски струи, TENS (транскутана електрична нервна стимулација), интерферентни струи. Го стимулира крвоток во регијата низ која поминува, што доведува до подобро снабдување со кислород и брзо одстранување на токсините, ја подобрува трофиката и метаболизамот на ткивата, делува ресорптивно на отокот, ја намалува болката, делува антивоспалително, го намалува мускулниот спазам, делува стимулативно на оштетените нерви.
Електрофорезата е тераписка постапка на внесување на лекови во телото со помош на галванска струја, при што лекот и главанската струја делуваат истовремено. Електрофорезата му овозможува на лекот да навлезе на местото на повреда или воспаление во најкус можен рок, на овој начин се постигнува локално висока концентрација на лекот, продолжено дејство на лекот и создавање на депо.
Работно време
- Понеделник - Петок 11:00 - 19:00
Итни случаи
+389 75 440 271Сите услуги
- Специјалистички преглед
- BTL-6000 Високо интензивен ласер
- Ласеротерапија
- Shockwave терапија
- Tecar терапија
- Екстензија (тракција, спинална декомпресија)
- Магнетотерапија
- BTL-CPMotion
- Супер Индуктивен Систем
- Ултразвучна терапија
- Електротерапија
- Електростимулација
- Кинезитерапија
- Кинезитејпинг
- Криотерапија
- Термотерапија
- Bioptron ламба
- Парафинотерапија
- Инфрацрвена ламба
- Лимфна дренажа
- Мануелна масажа
- Мезотерапија
